Новинарката Евлампија Реви доживеа емоционална траума и почна да плаче додека жител на малиот град Галатосон на грчкиот остров Евија со зарипнат зарипнат глас и објаснуваше дека не спие со денови, бидејќи се обидува да ја заштити својата куќа од пожар.
Новинарката го запраша зошто не си замине, бидејќи на островот не се дише од чадот. Дури и инсистираше да му се каже да ја напушти куќата од безбедносни причини и да замине на сигурно. Таа дури предложи човекот да го превезат, доколку не постои можност тој да замине сам.
Соговорникот одговори дека нема каде да оди и дека не се плаши од пожарот, дека единствениот страв му е да остане без покрив над главата и дека сака да остане да го брани домот доколку стигне пожарот.
Во еден момент, новинарката го симна ранецот и се обиде да побара маска за да му даде, бидејќи тој едвај зборуваше од димот.
Тогаш човекот почна да плаче, а и таа заедно со него, трогателна сцена, која одеше во програмата во живо.







