Твитер-профилот на Амбасада на Русија во Скопје е затрупан од изрази на незадоволство од Македонци по синоќешната одлука на Москва за признавање на „Република Северна Македонија“:
„Ви благодарам што и официјално зазедовте став на НЕПРИЈАТЕЛ на Македонскиот НАРОД! Да сме на чисто. За нас Македонија секогаш била Македонија. Македонија и ќе остане. Смрт или слобода! Проклети да се предавниците! #НикогашСеверна# НикогдаСеверная# NeverNorth“.
„Не знам што ве чуди ако ви текне дека Македонија е единствената православна земја која никогаш, НИКОГАШ, не била помогната на ниеден начин од Русија. И јас ја признавам Украинска православна црква на братскиот и пријателски украински народ!“.
„Русија претходно само пушти вода кон САД и ЕУ за да си ја испреговара и зацврсти позицијата за Крим. Злосторници во убиството на Македонија се и тие исто како САД и ЕУ. Македонија монета за поткусурување“.
„И ти ли сине Бруте?!“.
„Си пукате во нога со потегов, затоа што за Крим секогаш се повикувате на референдумот. Н,о тоа е помалата штета. Многу поголема е штетата за вашиот имиџ (и потврда на тезите што ги пласираат Американците) – дека ги оставате вашите сојузници на цедило. Затоа сега ви се пред врата“.
„Засрами се, Русијо! Се потврди дека Русите никогаш не им помогнале на Македонците. Ниту сега! Никогаш нема да ви верувам, ниту некогаш ќе ве оправдувам! Македонскиот народ ќе ве запамети како непријатели“.
„Џабе се додворуваат кон Заев или Грција. Заев е западен пион и никогаш нема да биде повеќе од тоа. А Грција си е дел од НАТО“.
„Супер вест. Да види Македонецот дека во големите држави НЕМА пријател и поддржувач. Дека секогаш сам ги биел битките и сам победувал. Дека никој од надвор нема да ни помогне за ништо ако најпрвин самите себеси не си помогнеме. Да живее РЕПУБЛИКА #МАКЕДОНИЈА!“.
„Русија ја поддржа неправдата врз македонскиот народ и држава . Срам да ви е!“.
(ФОТО: Премиерот Зоран Заев и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин)





