„Сме учеле крстот да го гледаме во филмовите како оружје против ѓаволот. Но кога падна крстот во рацете на поповите-ѓаволи, тогаш стана оружје за масакр и за заплашување. Оружје на ѓаволот стануваат и овој гигантски ‘крст’ кај Тетово и крстот, што беше поставен на Водно кај Скопје по 2000 година. Тие сакаат со гигантскиот крст да ги потсетат Албанците за крштевањата со железо и оган. Тие се внуци на Шкиите, кои ги масакрираа Албанците.“ – вели Гани Мехметај, новинар, публицист и драматург-синеаст од Пеќ, од Косово, во својата колумна со наслов „Кога крстот ќе падне во рацете на ѓаволите“.
Оваа скандалозна колумна со жестоки етнички и верски навреди кон Македонците, за кои авторот го употребува погрдниот назив „Шкии“ („Шкав“ во еднина) како „албанска ознака“ за „словеномакедонското население“, ја објавија медиумите на албански јазик информативната агенција Илирија-ИНА од Македонија и информативниот портал „Дарданија Прес“ од Косово.
Мехметај пишува: Кога католичките и муслиманските Албанци ќе го видат џиновскиот православен крст во Тетово и Скопје, не можам да не ги потсетам на приказните на нивните родители за масакрите на српската и бугарската војска, додека ги водеа „поповите“ со црни бради и со уште поцрна душа. Оние католичките и муслимански Албанци, што не прифаќаа да станат „Шкија“, словенскиот „поп“ наредуваше да го заколат, или да го стрелаат.
Поповите- Шкии наредуваа да бидат стрелани илјадници муслимански и католички Албанци, бидејќи одбија да го бакнат православниот крст и да стават на глава српска „шајкача“, бугарска „шубара“ и црногорска „капица“. Во Маврово бугарската војска стрелаше десеттици православни албански свештеници, бидејќи одбија да одржат миса на словенски јазик.
Едно време сите Албанци во Дарданија и во Македонија беа крштевани насилно во верата на Шкавот, им даваа словенски имиња и беа принудувани да носат „шајкача“, „шубара“ и „капица“. Им ги сменуваа имињата во Живорад, Милорад, Милена, Милева и др. Кој зборуваше албански беше убиван. Во Дарданија (Косово – заб.прев.) жив го камшикуваа католичкиот свештеник, оти им велел на албанските верници: „Не бакнувајте им го крстот на Шкиите, не крстете се во верата на Шкавот!“ Ова кршевање со крст и со бајонет престана, се намалија и убиствата, откако за тоа Ватикан го информираше светот.
Сме учеле крстот да го гледаме во филмовите како оружје против ѓаволот. Но кога падна крстот во рацете на поповите-ѓаволи, тогаш стана оружје за масакр и за заплашување. Оружје на ѓаволот стануваат и овој гигантски „крст“ кај Тетово и крстот, што беше поставен на Водно кај Скопје по 2000 година. Тие сакаат со гигантскиот крст да го потсетат Албанците за крштевањата со железо и оган. Тие се внуци на Шкиите, кои ги масакрираа Албанците.
Целта е оние, кои не ја знаат злоупотребата на крстот, да кажат: „Еве како реагираат насилно Албанците кон верските и христијански симболи“. Добро е мажите и жените со ум во главата да објаснат пред меѓународните субјекти и амбасадите во Скопје дека ние, Албанците, немаме ништо против христијанските симболи, но сме против нивната злоупотреба, заради поттикнување нереди и нетрпеливост.





