Една поплака за измама на социјалните мрежи откри бројни жестоки критики за сајтот за нарачки на производи за широка потрошувачка ,,Ананас” на српски тајкун каде директорка е екс министерката за финансии на Заев, Нина Ангеловска.
Корисник на онлајн услугите на Ананас се пожали дека наместо тоа што го нарачал добил неисправен уред кој бил препакуван а потоа цели 12 дена никој од фирмата не дошол да ја подигне и да ја врати нарачката по што корисникот најавува и можна правна разврска.
,,Нарачуваш од Ананас…и Бум Трас!
Претходно отпакуван и неисправен уред ти пратиле.
Отвараш постапка за враќање, пошто реално не работи производот и 12 дена никој не доаѓа да го подигне пакетот!
Па нека ви е со среќа ако си пазарите од таму”, пишува корисникот по што почнува серија на слични поплаки од други луѓе.
Нарачуваш од Ананас…и Бум Трас!
Претходно отпакуван и неисправен уред ти пратиле.
Отвараш постапка за враќање, пошто реално не работи производот и 12 дена никој не доаѓа да го подигне пакетот!
Па нека ви е со среќа ако си пазарите од таму
— k l i n c h (@legalXperiment) December 9, 2023
По постот од профил кој не е со своето вистинско име и презиме но е влијателен твитерџија се јавуваат и други луѓе со сериозни поплаки за Ананас.
,,Ист случај. Нарачав кондури на кои едната е друг калап и број. Одма почнав постапка за враќање, еве две недели чекам веќе. На кутијата пи грешка им останало ливче од претходен некој кај што ги однеле и им ги вратил, па кај мене стигнаа нели апп”, пишува друг корисник.
,,Слично и јас имав лошо искуство со нив. Порачав производ за во двор од Ѓеркур преку Ананас добив изгребан и оштетен производ, валкан и имав големи проблеми со нив додека дојдоа да си го подигнат назад. Бидете упорни – и да Ананас никогаш повеќе нема да ги кликнам”, пишува трет незадоволен корисник на Ананас.
Фирмата Ананас која е замислена како ,,балкански Амазон”, е сопственост на контроверзниот српски тајкун Миодраг Мишковиќ.
Една од топ менаџерски позиции во фирмата е Нина Ангеловска екс министерка за финансии на Зоран Заев позната по скандалот кога таа ја извади својата заштеда од пропаднатата банка Еуростандард каде останаа заглавени штедни влогови на илјадници граѓани.
Српскиот тајкун Мишковиќ пред неколку години беше осуден на 2,5 години затвор.
Пред советот на Специјалниот суд во Белград, српскиот милионер Мирослав Мишковиќ беше осуден на две и пол години затвор , а неговиот син Марко на една година домашен притвор. Двајцата се осудени за даночно затајување и поттикнување на даночно затајување.
Мишковиќ и другите двајца осудени на српската држава требаше да и вратат над 23 милиони евра на име затаен данок.
Од коментарите на статусот во кој се зборува за катастрофалната услуга на Ананас се појавуваат повеќе луѓе кои укажуваат на непрофесионално однесување на фирмата која сака да стане балкански Амазон.






