Жестоки антимакедонски провокации на Пајазити: Македонскиот јазик е бугарски дијалект! – Македонците градат идентитет, присвојувајќи ја бугарската историја!

„Бугарите македонскиот јазик го сметаат како бугарски дијалект. Од строго лингвистичка гледна точка, македонскиот јазик може да се нарече бугарски дијалект. Македонскиот и бугарскиот народ имаат иста историја. Не можеш да градиш свој национален идентитет со присвојување на туѓата историја.“ – со овие жестоки антимакедонски провокации кон македонскиот народ се огласи Мухамер Пајазити во својата скандалозна колумна со наслов „Тегобите и неволјите на * Македонија во 2023 година“. Тој е предавач од Македонија на универзитетскиот ИСПЕ Колеџ во Косово и дел од редакцијата на информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.



Спорот со Бугарија, уставните измени и интеграциите

Покрај другото, во колумната Пајазити пишува: * Македонија и Бугарија имаа добри односи долго време. Бугарија беше првата земја во светот, што ја призна независноста и постоењето на поранешната југословенска република, но не ги призна македонскиот јазик и националната историја. Бугарите го сметаат македонскиот јазик како бугарски дијалект. Од строго лингвистичка гледна точка, македонскиот јазик може да се нарече бугарски дијалект, бидејќи структурно е повеќе сличен на бугарскиот. Навистина, бугарските научници го отфрлаат македонскиот јазик како индивидуален јазик, но бидејќи тој сега има статус на книжевен јазик, повеќето научници, како и релевантните меѓународни институции, го прифаќаат неговото независно постоење.

На пример, разликите се како германскиот јазик спореден со јазикот, што се пишува во Швајцарија, или во Австрија. Македонскиот и бугарскиот народ имаат иста историја, тие го слават го слават Илинденското востание секоја година. Тука треба да се постигне договор за соседство и да се дефинираат некои работи, кои се однесуваат на историјата. Не можеш да градиш национален идентитет со присвојување на туѓата историја. Македонија се наоѓа честопати во состојба на збрканост во оваа насока.

Македонија мора да ги изгласа уставните измени за признавање на бугарското малцинство, во спротивно ќе продолжи да стои, чекајќи пред вратата на ЕУ. Сите албански партии, вклучително и македонската партија СДСМ, се за уставни измени, но ВМРО ДПМНЕ и Левица се спротивставија на овој процес, застанувајќи против интегративните процеси под изговор дека го бранат македонскиот идентитет.

Но, всушност, не го попречуваат само јазикот и бугарското малцинство членството на Македонија во ЕУ. Оваа земја заглави во спроведувањето на задачите, кои Европската комисија бара да бидат исполнети. Сепак, Брисел направи отстапки, но реалноста на теренот докажува дека Македонија не успеа да ги исполни европските критериуми.