Членовите на здружението на судиите на Македонија молчат по скандалозниот избор на нова партиска шефица на Судскиот совет која никогаш не била судијка што предизвика мајтап со судиите од страна на адвокатот Војо Димоски.
,,Ја поздравувам жестоката реакција на Здружението на судии против партизацијата на Судскиот совет со поставување на некопмпетентни кадри!
А кога веќе поздравувам непостоечки работи, го поздравувам и Дедо Мраз!”, пишува Димовски кој со иронија то коментира срамното однесување на судиите меѓу кој нема ниту еден се спротивставува на партиските понижувања на луѓето кои треба да делат правда.
Судиите молчеа и во 2019 година кога новата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева од обичен стручен соработник без судска практика стана член на Судскиот совет на предлог на Пендаровски.






