Жесток судир меѓу двете Македонии на “Отворено” на Алфа (ВИДЕО)

Вчера во емсијата “Отворено” на Алфа ТВ дојде до жесток судир меѓу претставници на двата табори во длабоко поделената Македонија.



Политикологот Наталија Ивчева која е против промена на името и се залага за бојкот на референдумот размени тешки зборови со новинарот и актуелен претседател на Надзорниот одбор на Македонската информативна агенција МИА Зоран Иванов.

Нивниот дуел во емисијата на новинарот Горан Момироски покажува каков вид дебати ќе не очекуваат во кампањата за референдумот и колку Македонија е длабоко поделена за ова прашање.