Жешка „шлаканица“ од Спасовски за Агелер и официјален Вашингтон (ФОТО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им удри жешка политичка „шлаканица“ на американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер, и на официјален Вашингтон.



Само неколку часа откако во извештајот на американското министерство за финансии за црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, екс премиерот Заев беше прикажан како мафијашки бос, Спасовски отиде во Струмица за јавно да се поздрави со екс лидерот на СДСМ.

Со тоа што избра да му ,,баци рака” односно да му искажале лојалност на својот екс шеф Спасовски покажа дека за него поважна од ставот на Вашингтон е милоста на Заев.

САД во елаборацијата за Дака кој стана дел од црната листа на Вашингтон го нарекува Драги Рашковски како ,,Главен поручник” на Заев со што дава до знаење дека структурата на екс премиерот и лидер на СДСМ за САД има мафијашки карактер.

Но за Спасовски оваа позиција на Вашингтон е помалку важна од добрите односи со Заев.

Спасовски како малкумина во Македонија знае дека во подготовката на квалификувањето на Заев за лидер на мафијашка структура меѓу другите учестуваат ЦИА, ДЕА и Националната агенција за безбедност и дека оценката на Рашковски и Заев не е став на обични чиновници на министерството за финансии на САД туку на анализа и истрага од трите моќни безбедносни американски служби.

Посебен проблем на Спасовски е што со ,,баци раката” на Заев откако тој е опишан во контекст на Дака, индиректно искажа поддршка за проруските врски поради кои Дака е ставен на црната листа а Заев и Рашковски се споменуваат како мафијашки структури.

Подоцна Спасовски изјави дека ако сакале САД можеле да ги стават Заев и Рашковски на црната листа и нивното споменување не е страшно но немаше конкретен коментар што тие беа споменати во негативен контекст како непријатели на Америка.

Американската амбасада вообичаено молчи што Спасовски неколку часа по објавата за Заев и Рашковски истрча во Струмица да му искаже поддршка на Заев.

Дали Спасовски мисли дека во трката за лидерското место во СДСМ нема ќар од САД каква што има од партиската фракција која ја контролира Заев е помалку важно од прашањето дали Спасовски можеби знае дека наскоро и тој би можел да биде споменат во сличен контекст од Вашингтон и затоа го избра екс шефот пред стратешкиот партнер. (Г.М.)

Поврзана вест

Порака која предизвикува паника на Бихаќка и Илинденска

Што значи мафијашкиот жаргон за Заев и Рашковски на црната листа на САД