Жешка дебата и аргументи ,,за“ и ,,против“ бојкот на изборите за претседател

На социјалните мрежи кај дел од корисниците критичари на Владата се води дебата дали треба да се бојкотираат претседателските избори.



За тие што бараат бојкот на гласање не треба да се излегува за да не се даде легитимитет на изборната кражба на власта која ќе ги наполни кутиите.

Противниците на бојкотот пак тврдат дека со бојкот се олеснува планот на власта да ја преземе целата власт, да го инсталира Талат Џафери за ВД претседател кој ќе ги потпише Законот за јазици и новиот устав.

Во на моменти оштрата дебата има и обвинувања дека тие што се залагаат за бојкот ги остваруваат владините цели.

Дел од учесниците во конфузната дебата се залагаат да се излезе на избори ама да се шкртаат ливчињата за да не може власта да ги злоупотреби.

Аргументите против бојкот се прикажани во овој твит.