Жените во Владата на минимум, од ДУИ ни за лек

Само една шестина од македонските министри и заменици министри во ново – старата влада се од женски род иако дел од партиите најавуваа и до 50 насто жени на највисоките владини функции.



Откако владата ја објави листата од 16 заменици математиката се покажа дека со само две жени предложени како заменички од вкупно 36 членови на владата само 6 се жени.

Катастрофалниот сооднос мажи – жени во владата се должи пред се на ДУИ од каде не предложиле ниту една жена за министер или заменик иако партијата има жена градоначалник во голем град – Тетово.

Односот 6 спрема 1 во владата во корист на машкиот род е меѓу најлошите скорови во било која друга европска земја вклучително и Балканот.

Македонските организации за женски и човекови права засега молчат за евидентната дискриминација на македонските жени кои се добри за во невладиниот сектор, бизнисот, дипломатијата и други сектори но не и за највисоки владини функции.