“Горди на нашите пожарникарки Менка Стојаноска и Билјана Денчовска, супер жените на Скопје” – напиша градоначалничката на Скопје Данела Арсовска споделувајќи видео за приказната на двете жени пожарникарки.
Како дел од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, тие со своите животни приказни ги рушат стереотипите.
Хумани и храбри, жени вредни за почит, докажуваат кога ќе се пристапи со љубов и посветеност кон својата професија, не постојат бариери кои не можат да се надминат.
Видеото погледнете го тука.





