Жена застрелана во паб во близина на Ливерпул, убиецот во бегство

Жена била смртно застрелана во близина на Ливерпул на Бадник, јавува Би-Би-Си.



Четири лица, тројца мажи и една жена, се пренесени во болница со прострелни рани.

Малку подоцна жената починала.

Детективот Дејв МекКорин од локалната полиција рече дека пукањето се случило во прометнна област полна со млади луѓе.

Тој рече дека сторителот, по кој се уште се трага, го напуштил паркингот на пабот со темно возило по пукањето.