Во сообраќајна несреќа што утринава се случи на автопатот А1, кај тунелот Т1, на делницата Гевгелија – Неготино, загина 47-годишната Т.П.П. од Неготино.
Таа управувала со возилото „фолксваген“ кое излетало од патот и се преврте во тунел.
„Денеска во 8:40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1, на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило ‘фолксваген’ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот“, информираа претходно од СВР Велес.







