Полицијата уапси една жена осомничена за подметнување пожар во осумкатница во Париз, вио кој загинаа најмалку осум лица, а 30 други беа повредении, вклучително и шест пожарникари.
Се стравува дека меѓу загинатите има и деца.
Жената која живеела во зградата е притворена.
„Во оваа фаза, од она што го знаеме, е дека инцидентот е криминал …’ велат од обвинителството во Париз.
Пожарот бил пријавен во вторникот околу 1 часот и брзо се прошири од вториот кат, каде што се верува дека започнал. Околу 50 луѓе биле во зградата, кои се обидуваа да стигнат до покривот за да избегаат од чадот и пламенот, додека други бараа помош од прозорците.
На 250 пожарникари сим требаа речиси пет часа за да го доведат пожарот под контрола, пренесува „Гардијан“.




