На жена од Македонија ѝ се слошило На почетокот од концертот на Калиопи Букле во Белград во салата МТС, на жена од Македонија ѝ се слошило но подоцна лекарите, кои се обиделе да извршат реанимација, констатирале дека таа починала.



Концертот бил прекинат а Калиопи во солзи ја напушти салата, јавуваат српски медиуми.

„Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денеска наместо да славиме живот на мојот концерт, загубивме живот… Во мое име и целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт… Новиот датум ќе биде објавен наскоро“, стои во објавата на Калиопи на Истаграм.

Жената дошла дури од Македонија во друштво на своите пријатели и ќерката, кога и се слошило во салата.

Жената имала 70 години. Одеднаш паднала и загубила свест. Белградски Курир објави дека лекарите се обиделе да сторат се што можат, 30 минути вршеле реанимација, но потоа можеле само да констатираат дека починала.