Американскиот претседател Џозеф Бајден ја номинираше Лиза Франчети со чин адмирал, за командант на морнарицата.
Ова е историски чекор што ја урна родовата бариера во американската војска, бидејќи Франчети е првата жена шеф на војската и првиот член на Здружениот Генералштаб, објави Ројтерс.
Одлуката на Бајден е изненадувачка, бидејќи претставниците на Пентагон очекуваа дека номинацијата ќе му припадне на адмиралот Самуел Папаро, кој ја води морнарицата во Пацификот и има искуство во справувањето со растечкиот предизвик од Кина.
Франчети, моментално заменик-началник за поморски операции и нашироко се сметаше дека ќе биде меѓу кандидатите за водечката функција, е многу почитувана и има долгогодишно искуство, вклучително и како командант на американските поморски сили во Кореја.
„Во текот на кариерата долга 38 години, Франчети покажа голема експертиза и на оперативната и на политичката сцена“, рече Бајден во изјавата, истакнувајќи дека таа е втората жена што го добила чинот адмирал со четири ѕвезди во американската морнарица.






