„Сметаме дека ќе ги исполнат условите за членство и не треба да губат време, бидејќи тоа може да се претвори во скептицизам. Потребни им се брзи одлучувачки акти и дефинитивни одлуки без да ја бараат причината надвор од себе.
Многу е важно причините, намерите и успесите да бидат нивни“,вели претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков во интервју за БГНЕС убеден дека Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија.
„Условите ги постави Европската комисија и за нас е важно тие да бидат исполнети бидејќи се поврзани со правата на Бугарите во РСМ“ вели претседателот на бугарскиот парламент.
Изјавата Желјазков ја даде за бугарската новинска агенција БГНЕС по завршувањето на посетата на Ватикан и Италија каде што ја предводеше делегацијата на Бугарија по повод чествувањето на 24 мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.







