Некој кажа дека во Македонија живеат 120.000 Бугари, а друг лицитираше дека се 200.000. Пописот откри дека всушност биле 3.504. Навистина не знам на што се должи огромната разлика во предвидувањата и во реалната слика на теренот, но резултатите од пописот, покрај другото, ни укажуваат дека во земјава како Македонци се изјасниле 1.073.299 од граѓаните. Во Македонија живеат и Албанци, Турци, Роми, Срби и Власи, ама Бугари баш и нема. Сакам да кажам нема многу.
Но, така не мисли поранешната министерска за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која сподели со јавноста дека разговарала со претставниците на бугарските организации во Македонија, кои ѝ соопштиле дека резултатите се лажирани. Дека располага со навистина чувствителни информации, Захариева на Фејсбук напиша и дека попишувачите не ги попишале Бугарите кои не живеат во Македонија.
Јас тоа го сфаќам како сериозен обид во пописот на населението во Македонија, да влезат и сите Бугари од Бугарија, заедно со два милиони Бугари кои живеат во земјите од Европската Унија. Па така ќе дојдеме до бројка од 7 милиони македонски Бугари, плус-минус 3.504 – пишува Срѓан Ивановиќ за Плусинфо.
Целиот текст на следниот линк:
https://plusinfo.mk/vo-makedoni-a-zhiveat-7-milioni-bugari-i-1-073-299-makedonci/





