„За следната година планираме проект за мониторирање за случаите со висока корупција и верувам дека ова ќе го подобри функционирањето на судството.
Ветингот е последна опција, а тоа е консензуз од сите политички партии“ вели амбасадорот Самуел Жбогар кој денеска имаше средба со претседателот на Уставниот суд.
Во моментот не гледам дека има потреба од такво нешто. Нашата положба е дека одлуката останува на земјата и самата земја ќе го реши тоа прашање“, истакна Жбогар.





