Жбогар: Не можам да ветам датум за преговори со ЕУ

„ЕУ се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор. Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината.



Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни, бидејќи тоа е одлука на земјите членки, изјави денеска  евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Денеска, на одбележувањето на Денот на Европаи на точно 20 дена до објавувањето на Извештајот на Европската комисија за земјава Жбогар рече дека датумот за преговори е во рацете на земјите-членки на Унијата.

Тој ги повика полтичарите во земјава да покажат единство за да се исполнат европски интеграции.

„По неколкуте избори изминатите години кои длабоко ја поделија земјата време е политичарите и политичките партии да ги остават на страа своите разлики без оглед дали се идеолошки, етнички или лични. Време е да се демонстрира единство за целта и да се интензивираат напорите, прво да се почнат пристапните преговори, второ брзо да се прави прогрес во преговорите“, Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ.