Поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“,
Жарко Луковски, денеска дал исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“.
Името на Луковски, се споменува во еден од аудио разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“.
Во тој разговор се слуша како Бојан Јовановски – Боки 13, во разговор со Орце Камчев, вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“.
Во случајот „Базни станици“, што го води обвинителката на СЈО Лиле Стефанова, Жарко Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои е и државата.




