Жан Митрев имал јатаци во здравствени институции (ВИДЕО)

Сопственикот на клиниката Жан Митрев за која обвинителството покрена истрага за здравствен криминал имал свои јатаци, луѓе во институциите кои му давале информации за новинарските истраги.



Уредничката на Истражувачката новинарска лабораторија (ИРЛ) Сашка Цветковска во ТВ интервју за емисијата ,,10 минути” тврди дека електронските пораки кои ИРЛ ги праќале до државни институции му биле препорачани на Митрев и тој однапред знаел за чекорите на новинарите.

Една од тие институции е државниот здравствен и санитарен инспекторат кој има обврска да врши мониторинг на клиниката на Митрев.

Наместо да го контролира и да елиминира незаконитости инспекторатот го информирал Митрев за истрагата.