Жално е да се гледа како СДСМ ја молат ДУИ за коалиција, Мицкоски не може да се начуди на дрвосечачите Албанци во Кавадарци и Паланка

Жално е да се гледа како СДСМ ја молат ДУИ за предизборна колиција која треба да го ублажи поразот на партијата на Ковачевски вели во интервју за Прес 24 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Тој не може да се начуди на конкурсите за дрвосечачи Албанци во Кавадарци и Паланка кои се дел од договорот меѓу СДСМ и ДУИ.

,,Жално е да се гледа на какви ниски гранки падна СДСМ и се доведе себе си под својот минимум што го покажуваат и анкетите. Си ја руинираа партијата поради недоследните политики.

Уште пожално е како ги молат од ДУИ да коалицираат со СДСМ само да го ублажат својот пораз. Практично се сведоа на тоа ДУИ да е спасителот на СДСМ и се крстат во нив. ДУИ во носењето на оваа одлука треба да мисли на својата иднина и ако се доследни тогаш треба да се стави крај на непринципиелните коалиции”, вели Мицкоски кој зборувајќи за таканаречениот владин европски фронт, вели дека најголеми непријатели на европската идеја се токму СДСМ и ДУИ.

,,Кој од народот ќе поверува во тоа дека истиве се европејци, а приватно договараат тендери и како тапкароши крадат од најмалите службеници до најголемите директори. Навистина е европејски што дури и оглас за дрвосечачи на Македонски шуми го местат па бараат Албанци за ова работно место во Кавадарци и Паланка. Па од авион се гледа што прават. Или вистински европски вредости се тоа што при огромен скандал со цитостатици на Онкологија, нема ниту официјална истрага, не пак обвинение. Или тоа што претседателката на Врховен сакаат да ја разрешат затоа што не послуша насока од власта. Тоа се тие критериуми кои се се друго, само не европски вредности”, вели Мицкоски во интервјуто.