По видеото на кое се гледа како пациенти тепаат новодојдено лице во психијатрсиската болница во Бардовци и кое го пренесоа медиуми но се прошири и на социјалните мрежи,  директорот Мухсин Арифи изјави дека е – згрозен.



На видеото се слуша како еден од пациентите бара од човекот да се претстави, а потоа им дава насоки на другите во просторијата да го тепаат.

Според директорот станувало збор за пациенти сместени на судско одделение каде се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд, осносно лица кои сториле кривични дела како убиство и обид за убиство.

„Со сета должна почит кон моите претходници, би сакал да потенцирам дека затекнав состојба во која болницата функционира во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови. Ве известувам дека од моја страна по настанатиот случај се преземени ситe безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните инситуции кои во моментот се грижат за безбедноста“, рече директорот.

Додаде дека очекува во најкраток рок институциално решавање на случајот, а во меѓувреме започнал со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани.