Зголемување на функционерските плати: Решение се бара, ама како да не сакаат да го најдат

Владата и пратениците и по една недела од донесувањето на одлуката на Уставниот суд за платите на функционерите, размислуваат како да ги земат повисоките плати, а да не го подгреат дополнително револтот кај граѓаните и кај вработените во јавниот сектор кои бараат повисоки плати и усогласување со минималната плата. Официјално, покрај единственото соопштение од владата по одлуката на Уставниот суд, во кое соопшти дека размислува како да не бидат покачени платите, нема никакви информации што се планира. Молчат и пратениците кои имаат шанса преку предложени измени да стават ред во платите на функционерите, анализира Плус Инфо.мк.



Владата денеска одржува седница, а дали ќе го разгледува и ова прашање не се знае. Неофицијално, во владините кругови се размислува за промена на коефициентите за да се усогласи сегашната плата со она што го бара Уставниот суд.

Експерти, поранешни пратеници и претставници од бизнисот сметаат дека владата треба добро да се пресмета пред да одлучи што всушност ќе менува во законот, дали тоа ќе биде основицата на платата или коефициентот, или и двете.

Целата анализа на Плус инфо на следниот линк.

https://plusinfo.mk/baraat-chare-molat-boga-da-ne-go-na-dat-funkcionerite-se-pravat-naudreni-koga-e-im-se-spomne-pokachuva-eto-na-platite/