Заев: Милошоски го кочи испраќањето амбасадори во ОН, Белград, Софија…

Злоупотребата на постапката за изборот и акредитирањето на амбасадорите од страна на претседателот на Комисијата за надворешни работи во Собранието, Антонијо Милошоски, навистина претставува крупен проблем за државата, вели премиерот Зоран Заев, но верува дека решение сепак ќе се изнајде до крајот на годината.



„Последното случување е со нашиот избран, односно предложен кандидат за амбасадор во ОН, професорот Љубомир Фрчкоски, каде што директно претседателот на Комисијата вели дека нема да дозволи тој да биде испратен. Имаме непополнети места во Софија и во Белград, во соседни земји. Треба брзо да одлучуваме, имаме непополнети места во Вашингтон, непополнети места во Белгија, во Словачка, во Израел, во Турција и тоа се сериозни позиции каде што треба да донесеме брзо одлука“, изјави Заев, пренесе МКД.МК.

Премиерот упати апел да се овозможи носење на одлуките, односно одлуките на МНР, на Владата и на шефот на државата со цел да се избегне непријатниот статус на нашата земја со неиспраќање на наши амбасадори во пријателски земји.