Зендели: Што ќе прават без апанажа пратениците откако ќе им истече мандат

„Не поддржуваме да се укине апанажата. Тоа се популистички предлози“, вели пратеникот на Беса Фадил Зендели.



Вели дека не се грижи за себе бидејќи е универзитетски професор, но е загрижен за колегите.

„Иако јас лично не сум засегнат бидејќи сум професор на Штуловиот универзитет и по завршувањето на пратеничкиот мандат ќе се вратам на факултетот, сепак сметам дека апанажата е европски стандард. Има пратеници кои остануваат без работа и потребен им е период додека се снајдат“, вели Зендели.