Загрижен тетовец му раскажува на претседателот Пендаровски за трагичен случај во градот под Шара во кој едно момче загинало а судијата ги ослободил осомничените.
,,Пред 5 дена кај нас во Тетово почина 20 годишно момче од дрога, уапсени се 8 дилери (кои му ја дале дрогата тој ден) ама вообичаено, судијата ги пушта од затвор тие дилери после неколку дена (има познати имиња на адвокати и судии кои се вмешани во овој процес).
Вие сте врховен командант, вие ги имате под контрола тајните служби, ве молам направете нешто во борбата против овие дилери и ова зло пошто ние во јавноста сме сведоци како големи макроа се движат сред бел ден во градот а полицијата како да е нема против нив. Нешто не е во ред со системот. Не дозволувајте да ние обичните луѓе го земеме законот во свои раце зошто тогаш ќе биде доцна.”, му пишува Касам Зендели на претседателот Пендаровски.






