Зендели: Беса е единствена, ДУИ се плаши од неа и опозицијата – ќе има промена во албанскиот камп

„По веста објавена на некои портали дека пратеникот на Движењето Беса ја бојкотирал вчерашната седница на неговата партија во Гостивар, уследи силен демант на Зендели.“ – извести информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

„Журнал“ ја пренесе исцело реакцијата со демантот, која ја напиша Зендели на својот фејсбук – профил: „Невистинити инсценирања се вестите, кои циркулираат на портали блиски до ДУИ, дека божем сум ја бојкотирал седницата на секретарите на партијата и Претседателството на огранокот на Беса во Гостивар. Официјално како пратеник јас сум на службено патување во Шведска и не сум имал можност да учествувам на оваа седница.“

„Движењето Беса е единствено. Стравот што го пројавува ДУИ кон Движењето Беса и опозицијата во целина покажува јасно дека за прв пат удобноста на ДУИ е разнишана и многу бргу ќе уследи промена на албанската политичка сцена!“