Слаб земјотрес се случи вечева малку по 18.30 часот со епицентар во Карбинци, источна Македонија. Силата на земјотресот била 2,5 степени по Рихтер, а потресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил во близината на Штип, а на одалеченост од 16 километри од Радовиш. Потресот не можел да предизвика материјална штета.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 28.01.2024 година во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km источно од Скопје, во епицентралното подрачје Св. Николе – Штип, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.





