Главниот град на Исланд Рејкјавик и околината денес беа погодени од силен земјотрес со јачина од 5,6 степени.
Во тој момент премиерката Катрин Јакобсдотир даваше онлајн интервју, а камерите ја снимија нејзината реакција кога просторијата во која престојуваше се затресе.
„О Боже, уште еден земјотрес“, реагираше таа загрижено гледајќи наоколу. За веднаш да додаде:
„Се извинувам, тукушто имаше земјотрес. За жал”, рече таа и насмеано додаде „Ова е Исланд”.




