Земјотрес на Крит – еден загинат, 9 повредени

Едно лице го загуби животот, а деветмина се повредени во силниот земјотрес од 5,8 степени на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.



Земјотресот предизвика материјална штета на стари објекти, цркви, но и на патишта во неколку општини на Крит што се наоѓаат блиску до епицентарот, јужно од градот Ираклио, додека пак беа евакуирани училиштата и побарано од родителите да ги земат децата.