Најголемиот дел од забелешките на земјоделците за законското решение како ќе се продава државното земјоделско земјиште се прифатени, тврди министерот за земјоделство Аријанит Хоџа.



Државно земјиште прво ќе им биде понудено на земјоделците кои веќе го користат, а потоа на лицитација ќе се продава остатокот по најмногу евро за квадрат.

Државно земјиште не може да купи стратешки инвеститор или странец и да добие дополнителни средства од владата.

Најмалку десет години нема да смее да се пренамени земјиштето од земјоделско во градежно.

Големината на парцелите нема да бидат ограничени, се со цел и помалите земјоделци да влезат во игра за купување на дел од земјиштето.

„Мислам дека веќе имаме Закон што самите земјоделци го бараа и е согласно нивните потреби“,  изјави министерот за земјоделие Арјанит  Хоџа.

Првичните очекувања на Владата беа дека од јуни ќе стапи на сила новиот закон, со кој од продажбата би се инкасирале од 300 до 500 милиони евра во буџетот.