Групата седум големи економии се согласи да го отфрли барањето на Москва да го плаќа рускиот природен гас, објави Асошиејтед прес.
Ова во понеделникот го изјави германскиот министер за енергетика. Роберт Хабек им рече на новинарите дека „сите министри на Г7 целосно се согласуваат дека ова ќе биде еднострано и јасно кршење на постоечките договори“.
Тој додаде дека официјални лица од Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД, Обединетото Кралство и Канада се сретнале во петокот за да ги координираат своите позиции, а присуствувале и претставници на Европската унија.
Хабек рече дека „плаќањето во рубли не е прифатливо и ќе ги повикаме погодените компании да не го следат барањето на рускиот претседател Владимир Путин“.
Путин минатата недела објави дека Русија отсега ќе бара од „непријателските“ земји да плаќаат за природен гас само во руска валута. Тој и наложи на централната банка на земјата да развие процедура за купувачите на природен гас да се стекнат со рубли во Русија. Според економистите, се чини дека овој потег има за цел да ја поддржи рубљата, која пропадна во однос на другите валути откако Путин ја нападна Украина на 24 февруари, а западните земји одговорија со сеопфатни санкции против Москва.
На прашањето на новинарите претходно во понеделникот дали Русија би можела да ги намали испораките на природен гас за европските клиенти доколку тие го одбијат барањето за плаќање во рубљи, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на конференција рече дека „очигледно нема да снабдуваме гас бесплатно“.
„Во нашата ситуација, тешко е возможно и изводливо да се направи добротворна работа за Европа“, додаде портпаролот на Кремљ.
Запрашан што ќе се случи ако Русија сега ги затвори вентилите, германскиот министер за енергетика рече: „Ние сме подготвени за сите сценарија“.
„Барањето на Путин да ги претвори договорите во рубљи значи дека тој е притиснат до ѕид , инаку немаше да го поднесе тоа барање“, рече Хабек, додавајќи дека на Русија и се потребни рубли за финансирање на војната дома.






