Земјите на НАТО ќе продолжат да ја снабудуваат со оружје Украина

Земјите на НАТО имаат намера да ѝ пружат дополнителна помош на Украина и да ја снабдат со оружје, изјави генералниот секретар на НАТО



„Сојузниците се посветени на обезбедување дополнителна поддршка за Украина, вклучувајќи противтенковско оружје, системи за противвоздушна одбрана и друга опрема“, рече Јенс Столтенберг на прес-конференција во вторник во Брисел.

Според него, НАТО и дава воена поддршка на Украина во износ што нема да доведе до целосна војна меѓу Русија и НАТО.

„Одговорноста на НАТО е да спречи ескалација надвор од Украина… Ова е причината зошто НАТО е принуден да донесе тешка одлука да обезбеди помош во форма што не придонесува за трансформација на конфликтот во целосна нуклеарна војна меѓу нуклеарната Русија и НАТО. Ова е реалност што мора да се прифати“, рече Столтенберг.