Блокот 1 во РЕК Битола е вклучен утрово во 6.30 часот, откако по вчерашниот пожар беа исклучени сите блокови, а Македонија влечела струја од Меѓународната мрежа.
Според информациите од енерегетските компании, блокот 3 се уште не е вклучен, а вториот блок е во ремонт, кој се очекува да заврши во понеделник.
Синоќа во РЕК Битола имало пожар, но тој е изгаснат, а повредени нема,а трафостаницата изгорела целосно.
МЕПСО веќе има милионски долг за влечење струја од меѓународните мрежи, но официјалната фактура се уште не е стигната. Првиот човек на МЕПСО, Рамадани ја очекува наредната недела.





