Стотина медицински сестри, од кои над 40 од Клиничкиот центар и од големите болници, последнава година заминале во странство или во приватните здравствени установи.
Претседателката на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводена од Здружението „За нас“, Гордана Бешлиоска, вели дека трудот на медицинските сестри треба да се вреднува соодветно на нивното образование.
Незадоволството на медицинските сестри во здравствените институции го симнале нивното достоинство под нивото на сето тоа што ја оплеменува нивната професија и затоа тие заминуваат во странство или во приватни установи, пренесува Макпрес.





