Земјата што замина од ЕУ ја охрабрува Македонија да продолжи по патот кон ЕУ

За време на средбата со премиерот Ковачевски лордот Пич ја потврди посветеноста на клучните процеси на реформите и ја охрабри Македонија да ја продолжи својата траекторија на ЕУ без одложување.



Оваа порака вечерва за средбата во владата ја објавува британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон.

Велика Британија пред неколку години по одржан референдум излезе од ЕУ и засега нема нова иницијатива за повторно приклучување кон Унијата.

Предходно британската амбасада објави дека Лордот Стјуарт Пич кој е специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан ќе ја посети Македонија од понеделник 6 до среда 8 март.

Според најавата Лорд Стјуарт ја посетува Македонија за да ја потврди котинуираната посветеност на Обединетото Кралство во зајакнувањето на стабилноста и просперитетот во регионот на Западен Балкан.

Лорд Стјуарт ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за ЕУ прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи. За време на посетата тој ќе се сретне и со клучни соговорници, граѓански организации и ќе посети локални културни знаменитости. Целта на посетата е да се потврди силната посветеност на Обединетото Кралство за евроатлантската интеграција на ѕ. Македонија, да се даде поддршка на реформите и да се зајакне стабилноста и безбедноста во регионот на Западен Балкан.

Оваа година Обединетото Кралство и ѕ. Македонија слават 30 години од воспоставувањето на билатералните односи. Обединетото Кралство останува близок партнер на ѕ. Македонија и силен сојузник во НАТО, се вели во објавата на британската амбасада во Скопје.