Земјата го слави светскиот ден на тоалетите (ВИДЕО)

Ојунгерел Цедевдамба е еден од најпознатите светски борци за повеќе тоалети и заштитно лице на кампањата на Обединетите нации за обезбедување тоалети за сите луѓе на светот.



Планетата земја денеска го слави светскиот ден на тоалетите.

Во моментов над 673 милиони луѓе вршат мала и голема нужда во природа поради тоа што немаат пристап до тоалети и соодветна санитација.

Цедевдамба со своите активности во нејзината земја Монголија досега обезбедила тоалети за десетици илјади луѓе.

Вршење нужда во природа ја зголемува опасноста од ширење на заразни болести.