Сè повеќе Швеѓани го поддржуваат пристапот на нивната земја во НАТО, според анкета објавенаденеска.
Политичарите во Шведска и на соседна Финска размислуваат дали руската инвазија на Украина треба да стави крај на децениската воена неутралност.
Анкетата на Демоскоп, нарачана од весникот Афтонбладет, покажа дека 57 отсто од Швеѓаните сега го поддржуваат членството во НАТО, во однос на 51% во март. Оние кои се против пристапувањето паднаа на 21% од 24%, додека неодлучните паднаа на 22% од 25%.
Анкетата во март беше првата што покажа дека мнозинството Швеѓани поддржуваат влез во НАТО.
Шведска не била во војна уште од времето на Наполеон и својата безбедносна политика ја изгради со „неучество во воени сојузи“.






