Вицепремиерот Артан Груби го нападна ВМРО-ДПМНЕ за задолжувањата на сегашната влада на СДСМ и неговата ДУИ, која беше во владина коалиција предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ од 2008 до 2016 година?!
„ВМРО-ДПМНЕ е извор на корупција. Тие измислија коруптивни зделки за да се збогатат на товар на граѓаните. Ги гледате денеска по судови. Го измислија проектот ‘Скопје 2014’, комплетно коруптивен проект. И што правиме ние денес? Се задолжуваме со нови кредити за да враќаме долгови создадени од ВМРО-ДПМНЕ“, се пожали на ТВ 21 првиот заменик на премиерот Димитар Ковачевски.





