Растот на просечната плата во август во однос на август 2021 година пак е 14,2 проценти, но со вклучена инфлација, статистичарите пресметаа дека реалниот раст е 5,4 процети. ИТ инженерите и натаму имаат највисоки плати во земјава. Нините примања во август се зголемиле за дури 10,7 проценти во однос на август 2022 година. Во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејност просекот е 92.464 денари.

На второ место е „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“. Во оваа дејност просекот е 57.954 денари, а годишниот раст е 14,8 проценти.Според Државниот завод за статистика (ДЗС) во август просечната нето плата изнесувала 36.390 денари. Ова е раст на просекот за 0,3 проценти, или за 104 денари во однос на август кога изнесуваше 36.286 денари.
И најниските плати вообичаено се во дејноста „Заштитни и истражни дејности“. Таму просекот е 20.021 денари.

Трговијата и преработувачката индустрија се сектори во кои редовно се барат најмногу работници. Анализата од 20-ти октомври на Агенцијата за вработување покажува над 10.000 слободни работни места од кои 1.922 се во трговијата, а 1.743 во преработувачката индустрија.
Во целиот сектор „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ просечната плата е малку под просекот и изнесува 35.109 денари. Но, внатре во дејностите, има и поголем плата од просечната. Па така во „Трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли“, просекот е 41.387 денари.





