Зеленски знае кој го нападна Израел и кој е спонзор!?

Целиот свет разбира кој со своите постапки може да организира терористички напад на групата Хамас против Израел, изјави синоќа претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето вечерно видео обраќање, цитиран од „Укринформ“.



„Денешниот терористички напад против Израел беше внимателно подготвен и целиот свет разбира кои спонзори на теророт би можеле да го охрабрат и организираат овој напад.

Израел има целосно право да се брани од тероризмот. Како и секоја друга земја. Многу е важно целиот свет да одговори кон тероризмот униформно и принципиелно“, рече Зеленски.

Претседателот истакна дека терористите мора да изгубат без разлика каде ги истрелуваат своите проектили и без разлика кого ќе нападнат.