Зеленски: Запад го сврте вниманието од Украина кон Блискиот Исток…

Украина не го доби целото потребно оружје од сојузниците, се пожали украинскиот претседател Володимир Зеленски.



„Веќе можеме да ги видиме последиците од пренасочувањето на вниманието на меѓународната заедница поради трагедијата на Блискиот Исток“, рече тој.

„Само слепите не го гледаат тоа“, вели тој. „Не смееме да дозволиме Западот да заборави на војната“, вели тој.

Таа промена на фокусот може да доведе до помала економска и воена помош за неговата земја, рече тој.

Неодамнешната анкета на АП во САД покажа дека речиси половина од Американците мислат дека се троши премногу за Украина. Се поголем број републиканци не се за испраќање поголема помош и не е јасно дали и кога барањето на Белата куќа за поголема помош ќе биде одобрено од Конгресот.

На прашањето за ова, Зеленски тврди дека Американците, помагајќи и на Украина, си помагаат и самите себеси.

„Во случајот со Украина, ако пропадне отпорот денес поради недостаток на помош и недостаток на оружје и финансиски средства, тоа ќе значи дека Русија најверојатно ќе ги нападне земјите на НАТО“, рече тој. „И тогаш децата на Америка ќе се борат“, додаде тој.