Дојде време за мировни преговори, објави во видео обраќање го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој предупреди дека ќе бидат потребни генерации за Русија да се опорави од претрпените загуби за време на војната, објави Ројтерс.
Зеленски рече дека Украина отсекогаш нуди решенија за мир и сака значаен и искрен мир и разговори за безбедност без одлагање.
„Сакам сите да ме слушнат сега, особено во Москва. Време е да се сретнеме, време е да разговараме“, рече тој во видео пораката објавена во раните утрински часови во саботата. „Дојде време да се врати територијалниот интегритет и правдата за Украина. Во спротивно, загубите на Русија ќе бидат такви што ќе ви требаат неколку генерации за да се опоравите. Двете страни водат разговори со недели без знаци за пробив.
Зеленски повтори дека руските сили намерно го блокирале снабдувањето со хуманитарни материјали за нападнатите градови.
„Ова е намерна тактика… Ова е воено злосторство и тие ќе бидат 100% одговорни за тоа“, рече тој.






