Ова го изјави претседателот на земјата, Володимир Зеленски, во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, пренесе украинската агенција УНИАН.
„Имаме недостиг од се…едни оружија се даваат или продаваат“ вели Зеленски.
„Во светот денес нема доволен обем на производство, на пример, артилерија која ќе биде доволна за украинската армија да ја издржи војната со руската армија“, нагласи Зеленски.
„Денес не постои таков систем во светот што може да се бори со која било ракета, од конвенционална до балистичка, со секој удар од Руската Федерација“, истакна Зеленски.
Но, тој ги пофали американските противвоздушни ракетни системи Патриот, кои ги опиша како најмоќните системи за воздушна одбрана во светот.
„И Русите се шокирани, и искрено ќе ви кажам дека нашите партнери се шокирани што овој систем навистина функционира толку добро. И сега се прашуваме: зошто Украина не ги произведува? Имаме договори. Ќе го направиме тоа кога ќе се добијат лиценци, (дозвола) за заедничко производство и така натаму“, рече Зеленски.
Според него, денес резервите на таквите системи во светот не се доволни за да се префрлат повеќе во Украина за нејзина заштита.






