Зеленски во посета на војската во Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети позициите на фронтот кај Бахмут за време на посетата на регионот Доњецк, пишува Украинска Правда.



– Регионот Доњецк. Бојното поле кај Бахмут. Чест ми е што сум овде денес да ги наградиме нашите херои, да им подадам рака и да им се заблагодарам што ја бранеа нашата независност. Слава на сите кои се борат за Украина – напиша Зеленски на својот профил на Телеграм.

Инаку, пред војната, Бахмут имал околу 70.000 жители и не бил ниту меѓу 50-те најголеми украински градови според бројот на жители.

Блискиот Соледар, кој Русите успеаја да го освојат по неколкумесечна војна, што го претставија како колосален успех еднаков на освојувањето на Киев, не беше ниту меѓу 300-те најголеми украински градови по население.