Како што храбрите американски војници кои на Божиќ 1944 година се држеа и ги потиснаа трупите на Хитлер, така и храбрите украински војници го прават истото против трупите на Путин овој Божиќ, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање пред американскиот Конгрес.
Украина се држи до својата земја и никогаш нема да се предаде“,рече Зеленски.
На овие зборови, конгресмените станаа на нозе и му аплаудираа на Зеленски.
Зеленски зборуваше на англиски, а неговите зборови „Никогаш нема да се предадам“ беа јасно упатување на познатиот говор на Винстон Черчил.
„Ја поразивме Русија во битката за свеста […] Русите ќе имаат шанса да бидат слободни ако го поразат Кремљ во нивните глави“, рече Зеленски.
Помошта за Украина е инвестиција во демократијата, а не во добротворни цели, истакна Володимир Зеленски, надевајќи се дека поддршката ќе продолжи.
Украинскиот претседател рече дека „праведен мир“ со Русија е невозможен доколку се направат компромиси со суверенитетот и територијалниот интегритет на неговата земја и праша дали може да има таков мир за родителите кои ги изгубиле своите деца.
На крајот од својот говор пред американскиот Конгрес, Владимир Зеленски уште еднаш им се заблагодари на Американците за помошта и на конгресмените им подари знаме од Бахмут, кое Русите со месеци го бомбардирааи кое тој го посети претходниот ден.







