Украинскиот претседател Володимир Зеленски, поранешен популарен глумец, урна рекорд откако одржа пресконференција која траела повеќе од 12 часа.
Претходниот рекорд го држеше белорускиот претседател Александар Лукашенко чија прес-конференција траеше повеќе од седум часа, пренесуваат украинските медиуми.
Повеќе стотици украински и странски новинари се менуваа на масата со Зеленски на пресконференцијата која се одржа во во познат ресторан во центарот на Киев.





