Украинскиот претседателвели дека „нема сомнеж дека не беше нашата ракета или наш ракетен напад“ што ја предизвика експлозијата во која загинаа двајца полски цивили вчера, пренесува Гардијан



Коментарите на Зеленски се во спротивност со оние на Полска и НАТО, кои рекоа дека експлозијата најверојатно била предизвикана од украинска ракета за воздушна одбрана истрелана за пресретнување на руски проектили.

НАТО: Проектилот бил Украински, но воновна е Русија

Зеленски на новинарите им рече ддека верува оти Русија го испукала предметниот проектил, цитирајќи ги извештаите на украинската војска на кои „не може да не им верува“.

„Не се сомневам дека ова не е наш проектил“, рече Зеленски во телевизискиот говор. „Верувам дека тоа е руски проектил, врз основа на нашите воени извештаи.

Зеленски повика на целосна истрага за настаните во Полска со учество на Украина, додавајќи дека заклучоците треба да бидат објавени дури откако ќе заврши истрагата.

Две лица загинаа во вторникот кога најмалку еден проектил погоди село во Полска, членка на НАТО, во близина на границата со Украина, во масовен руски напад чија цел беше цивилната инфраструктура во Украина поддржана од Западот.